Талибанските бунтовници во Авганистан ја одржаа првата директна средба со претставници на Соединетите Американски Држави во врска со идните мировни преговори, изјави талибански претставник.
Тоа, како што пишува агенцијата АП, е еден од најзначајните случувања во врска со настојувањето да дојде до крај на долготрајната војна во земјата.
Состанокот одржат на почетокот на оваа седмица, бил многу корисен, истакна неименуван талибански претставник и додаде дека американската страна била застапувана од високиот дипломат Алис Велс кој е задолжен за јужна Азија.
Состанокот бил одржан во Катар каде талибанците од 2013. година имаат политичка канцеларија. Американските претставници ниту потврдија, ниту демантираа дали навистина дошло до средбата.
По враќањето на Велс од Катар, американскиот Стејт департмент соопшти дека таа „ги истражуваат сите патишта до мировниот процес напредувајќи низ консултација со авганистанската влада“.
Талибанците веќе долго бараат директни разговори со Вашингтон во врска со талибанското учество во авганистанската иднина.
Исто така, тие сакаат временска рамка за повлекување на околу 15.000 американски и НАТО војници кои се уште се наоѓаат во Авганистан, соопшти американската агенција.