Снежната бура во областа на источниот брег на САД ја зема првата жртва, јавија локалните медиуми.
Се работи за човек кој со својот камионет возел во државата Јужна Каролина по замрзнат пат и удрил во неколку дрва. Возачот починал од повреди на главата.
Во невремето досега паднале 46 сантиметри снег, дуваат силни ветрови, поради што се откажани речиси 5.000 летови до САД. Над две третини од нив се од или кон Њујорк и Бостон.
На аеродромот Кенеди во Њујорк денеска се очекува летовите повторно да се нормализираат.
Повеќе од 100.000 корисници во САД останаа без електрична енергија.
Во соседна Канада, повеќе од 85.000 домаќинства во источната провинција Нова Шкотска минатата ноќ немале електрична енергија.
И делови од главниот град Халифакс останале без струја, а поголемиот дел од летовите до и од локалниот аеродром беа откажани.