вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пукање во Аризона: 7 лица ранети, вооружениот маж во бегство

Пукање во Аризона: 7 лица ранети, вооружениот маж во бегство

Седум лица се пренесени во болница по пукање што се случило вчеравечер по локално време во Јума, Аризона.

Според Еј-Би-Си Њуз, полицијата добила дојава за пукање околу 23 часот. Тие дошле на местото на настанот и таму затекнале неколку ранети.

Полицијата сè уште го нема уапсено осомничениот за нападот, но нема понатамошна закана за локалното население, изјави на новинарите началникот на локалната полиција.