Рускиот претседател Владимир Путин објави дека ја примил втората доза на вакцина три недели по првата вакцинација.
– Сакам да ве известам дека само што ја примив втората вакцина пред да влезам во оваа сала. Се надевам дека сè ќе биде добро. Не се ни надевам, сигурен сум во тоа – рече Путин на состанокот на Руското географско друштво.
Претседателот исто така изрази надеж дека „пандемијата ќе заврши наскоро, меѓу другото, благодарение на вакцинацијата што активно се спроведува во земјата“.
Првата доза на вакцината Путин ја прими на 23 март, а сè помина пред медиумските камери. Не е откриено која од трите руски вакцини ги примил шефот на руската држава.