понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рации во Германија во врска со илегална трговија со луѓе

Рации во Германија во врска со илегална трговија со луѓе

Стотици полицајци денеска спроведоа рации во четири германски сојузни држави, во рамките на истрага за трговија со луѓе.

Локалната полиција соопшти дека околу 800 полицајци претресле 21 канцеларија и куќа во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт. За време на рацијата, пронајдени се најмалку 35 илегални мигранати.

Во центарот на истрагата била банда Молдавци кои во Германија влегле користејќи лажни романски документи и таму работат нелегално.

Меѓу осомничените во Саксонија Анхалт имало и лица кои биле поврзани со ултрадесничарското движење Граѓани на Рајхот, соопшти полицијата.

(Миа)