понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рации во киевските дописништва на РИА Новости и Раша тудеј

Рации во киевските дописништва на РИА Новости и Раша тудеј

Службата за безбедност на Украина денеска ја пребара во киевската канцеларија на руската новинска агенција РИА Новости Украина, соопшти портпаролот на Службата Олена Гитлјанска.

И РИА Новости информираше дека нејзиниот уредник, Кирил Вишински, бил притворен.

Во исто време, Службата за безбедност на Украина соопшти дека открила „мрежа на медиумски структури кои Москва ги користи за да спроведе хибридна војна против Киев“.

Дописникот на ТАСС во Украина не успеал да стапи во контакт со Вишински и неговите колеги во Киев преку нивните мобилни и фиксни телефони, затоа што никој не одговарал на повиците.

Веб-страницата на агенцијата РИА Новости Украина престана да се ажурира, додава ТАСС.

Во меѓувреме, и рускиот државен медиум Раша тудеј соопшти дека не може да контактира со својот персонал во Киев после рација.

Главната уредничка на Раша тудеј, Маргарита Симоњан на Твитер напиша дека телефонските врски во нивната канцеарија во Киев се блокирани и оти нивната украинска Интернет страница е соборена.

Украинската безбедносна агенција потврди дека спровела рација во двата медиуми. Во соопштението се наведува дека се истражува мрежа на медиуми кои ги контролира руската Влада, а се користат како оружје во хибридна војна против Украина.

МИА