Владите во Европа се соочуваат со многу тешка ситуација во контролата на зголемениот број случаи на Ковид-19, додека нивните граѓани се уморни од обновените ограничувања во секојдневниот живот, изјави денеска главниот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи Мајк Рајан.
На редовниот брифинг во Женева, тој рече дека е „јасно што луѓето се фрустрирани и имаат целосно право да бидат фрустрирани и уморни“.
– Владите, особено во Европа, се соочуваат со многу, многу тешка ситуација. Треба да го потиснеме овој вирус, да ја совладаме епидемијата. Нивните можности се ограничени, рече Рајан. (МИА)