понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Раст на цените на нафтата по падот на залихите во САД

Раст на цените на нафтата по падот на залихите во САД

Цените на нафтата утрово се зголемија поради големиот пад на американските залихи, а фокусот на трговците сега е на претстојната средба на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници која треба да се одржи подоцна денеска, и од која се очекуваат понатамошни мерки за стабилизација на пазарот.

Цената на северноморската нафта „брент“ се зголеми за 22 центи, или 0,5 проценти, на 43,12 долари за барел, а фјучерсите за американската нафта WTI пораснаа за 23 центи или 0,6 отсто на 40,52 долари за барел.

Закрепнувањето на побарувачката на гориво, и покрај пандемијата на коронавирусот, резултираше со пад на американските залихи за 8,3 милиони барели во неделата до 10 јули, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за пад од 2,1 милиони барели, соопшти Американскиот институт за нафта (АПИ).

Официјалните податоци на Управата за информации за енергетика на Министерството за енергетика на САД треба да бидат објавени вечерва. (МИА)