петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на жртви по поплавите и свлечиштата во Бразил

Расте бројот на жртви по поплавите и свлечиштата во Бразил

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројниот дожд на североистокот од Бразил се зголеми на 91, а над 20 лица се водат за исчезнати.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро наместо најавената посета, со хеликоптер летал над погодените области. Објасни дека хеликоптерот не можел да слета на тоа подрачје поради натопената земја.

Во поројните врнежи над 3.900 луѓе ги загубија своите домови. Цивилната одбрана соопштила дека некој од смртните случаи се предизвикани од свлечишта.

Отворени се училиштата во погодените места каде се сместуваат семејствата кои останаа без кров над главата.