Најмалку 78 загинати и над 4000 повредени лица е досегашната црна статистика по страшната експлозија која вчера се случи во централниот дел од Бејрут.
Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени според германскиот геонаучен центар, а се слушнала и почувствувала и подалеку од Кипар, односно повеќе од 200 километри ширум Средоземјето.
Болничките капацитети се речиси пополнети, а повредени се уште пристигнуваат.
Причината за експлозијата не е позната, но првичниот извештај вели дека голем пожар настанал во складиште на пристаништето, а потоа дошло до разорната експлозија.
Либанскиот претседател Мишен Аун изјави дека е недозволиво 2.750 тони амонијак, за кој се претпоставува дека е причина за експлозијата во Бејрут, да биде во складиштето шест години без никакви безбедносни мерки.