Разбојници украле приколка во САД во која имало 8.000 билети за Дизниленд. Приколката припаѓала на Здружението на млади фармери на Калифорнија, и била украдена од просториите на таа организација во градот Галт, јужно од Сакраменто.
Надлежните наведуваат дека на снимките од сигурносните камери, се гледа пикап возило со темна боја, како се приближува до приколката и заминува со неа.
Полицијата ги повика граѓаните да помогнат во потрагата и предупредува на претпазливост, доколку купуваат влезници за Дизниленд од непознат извор. Вредноста на влезниците изнесува безмалку милион долари, но Дизниленд ги прогласи за неважечки веднаш по кражбата.