вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Развиена уште една вакцина против коронавирус, Кинезите ставија патент

Развиена уште една вакцина против коронавирус, Кинезите ставија патент

Кинеската компанија специјализирана за вакцини „Кансино бајолоџикс“ ја патентираше првата потенцијална вакцина за Ковид-19 под името „Ad5-nCOV“, јавија државните медиумите повикувајќи се на документи за заштита на интелектуална сопственост.

Ова е првата патентирана вакцина во Кина.

Весникот „Народен дневник“ цитира документи кои се објавени од Националната администрација за интелектуална сопственост. Патентот е потврден на 11 август.

Саудиска Арабија соопшти дека овој месец  планира да ја покрене третата фаза од клиничкото испитување на вакцината на фирмата „Кансино“. Компанијата наведува дека разговори се водат и со Русија, Бразил и Чиле за започнување со тестирање овие земји.

Акциите на компанијата на берзата во Хонг Конг утринава пораснале за околу 14 проценти, а во Шангај за 6,6 отсто.