понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реакции на светските сили по повод историската средба на Ким Џонг-Ун и Мун Џае-Ин

Реакции на светските сили по повод историската средба на Ким Џонг-Ун и Мун Џае-Ин

До пред некое време беа на раб на војна, денеска остварија средба, а според фотографиите и видеата кои ги објавија светските медиуми изгледаат како најдобри пријатели, вака најкратко може да се објасни историската средба меѓу лидерите на Јужна и Северна Кореја.

Борис Џонсон, шефот на британската дипломатија го поздрави самитот на овие две држави, но истакна дека очекува премногу. Тој потенцира дека е многу охрабрен од тоа што се случува, но сепак и предупредува.

-Но, секој што ја следи историјата на плановите на Северна Кореја за развој на нуклеарното оружје сака да биде премногу оптимист во овој момент. Но, јасно е дека средбата на двајцата лидери е добра вест, истакна Џонсон во седиштето на НАТО.

Од Белата куќа пак претходно соопштија дека се надеваат оти на денешната средба меѓу Мун Џае- Ин и Ким Џонг-Ун, ќе биде постигнат напредок за постигнување на мир и просперитет.

Во соопштението на Белата куќа се посочува дека американскиот претседател Доналд Трамп со радост го очекува продолжението на разговорите со Јужна Кореја, како дел од подготовките за планираната негова средба со Ким Џонг-Ун, која треба да се одржи на крајот од мај или на почетокот од јуни.