петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рекорден пораст на новозаразени со Ковид-19 во Индија

Рекорден пораст на новозаразени со Ковид-19 во Индија

Во Индија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 28.637 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 849.553.

Ова влошување на епидемиолошката состојба ги натера властите да најават воведување на карантински мерки во траење од една недела во градот Бангалор во јужниот дел на земјата.

Во текот на вчерашниот ден, потврдени се уште 551 смртен случај, вкупно 22.674 од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на Индија.

Според податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, Индија сега е пред Русија според бројот на заразени во светот, зад САД и Бразил.