петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рекордна заплена на куќи поради незаконско производство на марихуана во Калифорнија

Рекордна заплена на куќи поради незаконско производство на марихуана во Калифорнија

Во операција на американската полиција запленети се повеќе од стотина куќи во Калифорнија, кои се користеле за илегално производство на марихуана.

– Тоа беше голема операција при што се пронајдени милиони долари од Кина. Криминална организација со странски пари купувала куќи и ги пренаменувала во стаклени градини за одгледување на марихуана, изјави претставничка на даночната служба при Министерството за правда, Синди Чен.

Таа додаде дека во синоќешната операција пронајдени се над 60.000 стебла канабис, 200 килограми сува марихуана и 15 парчиња огнено оружје.

Операцијата е дел од истрагата што почнала во 2014 година, од кога полицијата следи купување на куќи преку трансакции од кинеската провинција Фиџиан. Куќите биле претворени во големи плантажи за марихуана, а во секоја од нив се одгледувале стотици дури и илјада стебла.

МИА