Претседателот на Франција Емануел Макрон, на крајот на ноември предвидуваше повторно отворање на рестораните и баровите на 20 јануари, но отворањето ќе се одложи и пред да бидат познати последиците за епидемијата со коронавирусот од прославите на крајот на годината, јави дописникот на МИА..
Рестораните нема да ги отворат вратите в среда, 20 јануари и ќе останат затворени уште неколку недели. Според информациите објавени во француските медиуми, извршната власт веќе ја донела својата одлука и датумот на повторно отворање, кој беше одреден на крајот на ноември од страна на Емануел Макрон е одложен.
Изутринава за радиото Европа 1 министерот задолжен за мали и средни претпријатија Алан Гризе потврди дека со оглед на развојот на епидемијата, не е предвидено отворање на рестораните.
Кино салите и театрите исто така ќе останат затворени на 7 јануари.
Мала утеха за сопствениците на рестораните, владата објави дека мерките за помош ќе бидат продолжени колку што е потребно.