сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реза Пахлави: Наскоро ќе падне режимот во Техеран

Реза Пахлави: Наскоро ќе падне режимот во Техеран

Иранскиот принц во егзил Реза Пахлави, син на последниот шах во Иран, синоќа нагласи дека наскоро ќе падне режимот во Исламската Република и го повика Западот да не преговара со лидерите во Техеран.

На прес-конференцијата во Вашингтон, Реза Пахлави направи паралела помеѓу протестните демонстрации во Иран во изминатите месеци и исламската револуција што доведе до пад од власт на неговиот татко во почетокот на 1979 година.

– Паѓањето на режимот во Техеран е само прашање на време, изјави 59-годишниот Реза Пахлави кој живее во предградие на Вашингтон.

– Остануваат само неколку недели или месеци за да се стигне до конечен исход, како во трите последни месеци од 1978 година, пред револуцијата, нагласи тој.

Според него, Иранците може да „почувствуваат таква моќност за првпат по 40 години“. Во изјавата на конференција во Институтот Хадсон, Пахлави ја поддржа политиката на „максимален притисок“ на Трамп врз Иран.