понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ријад ќе бара одговорност од сите вмешани во случајот Кашоги

Ријад ќе бара одговорност од сите вмешани во случајот Кашоги

Саудиска Арабија ќе ги повика на одговорност сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги и тие кои не ги исполниле своите обврски, кој и да се, соопшти денеска Владата на Саудиска Арабија по седницата со која претседаваше кралот Салман.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“. (МИА)