среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Романскиот министер за образование поднесе оставка

Романскиот министер за образование поднесе оставка

Романскиот министер за образование Валентин Попа  денеска поднесе оставка по разговорот во парламентот со лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (СДП) Ливиу Драгња.

Оставката уследи откако претседателот на Демократската унија на Унгарците во Романија(УДМР) Келемен Хунoр минатата недела побара негово отстранување, велејќи дека министерот донел две одлуки со кои не се согласуваат етничките Унгарци. Едната одлука се однесува на изучувањето на романскиот јазик во основните училишта, во кои се предава мајчин јазик, а другото – спојувањето на два универзитета во градот Таргу Муреш.

Хунор истакна дека соработката со СДП е уште во сила, но дека Владата треба да ги реши проблемите во образованието.

Драгња изјави дека Хунoр е во право и дека не само УДМР, туку и сите други малцинства го покренале ова прашање.