среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија најавува контрамерки против САД поради санкциите

Русија најавува контрамерки против САД поради санкциите

Русија работи на изнаоѓање на реципрочен одговор на САД, кои воведоа санкции кон една руска компанија бидејќи им помагала на Северна Кореја, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

САД воведоа санкции за компанијата „Профинет Пте Лтд“ и нејзиниот генерален директор Василиј Александрович Колчанов, тврдејќи дека фирмата пружала пристанишни услуги за најмалку шест бродови кои пловеле под знамето на Северна Кореја.

Американските санкции кон Северна Кореја опфаќаат финансиски рестрикции, забрана за трговија со оружје, забрана за извоз на ракетно гориво, како и увоз на јаглен, железо, олово, морска храна и некои други производи. (МИА)