Висок руски дипломат поднесе оставка поради „крвавата, безумна и апсолутно беспотребна“ војна во Украина, упатувајќи критики до лица во Кремљ кои сакаат „засекогаш да останат на власт“.
Борис Бондарев, шеф на руската мисија во ОН во Женева, нагласи дека му е доста од „лагите и непрофесионализмот“ во Министерството за надворешни работи на државата.
Во писмото со оставка, тој наведува дека војната што ја почна претседателот Владимир Путин е „злосторство против украинскиот народ“ што ќе ја уништи руската економија, како и „сите надежи и изгледи за просперитетно слободно општество“.