понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД бара НАТО да се подготви за евентуален напад од Русија

САД бара НАТО да се подготви за евентуален напад од Русија

САД вршат притисок врз своите сојузници да подготват дополнителни баталјони за НАТО, како и бродови и авиони заради спречување на евентуален напад од Русија, тврдат неименувани функционери, пренесува ФЕНА.

Американскиот државен секретар Џим Матис ќе побара широк консензус за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи в четврток во Брисел, како подготовка за Самитот на Алијансата во јули.

Со Планот се НАТО да има 30 баталјони, 30 ескадрили на борбени авиони и 30 воени бродови подготвени за акција во рок од 30 дена, доколку е потребно. Планот не предвидува точен број на војници, ниту краен рок за примена на новата стратегија. Големината на баталјонот е различна од една земја до друга, од 600 до 1.000 војници.

МИА