Американскиот Стејт Департмент гo вброи Пакистан на листата држави каде што брутално се кршат правата на верско изразување, што води до нарушување на безбедноста и стабилноста во државите.
На списокот веќе се наоѓаат и Саудиска Арабија, Иран, Северна Кореја, Кина, Мјанмар, Еритреја, Судан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
– Заштитата на верските слободи е неопходна за мир, стабилноста и просперитетот, изјави портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Нојерт.
Потегот доаѓа во период на влошување на односите меѓу САД и Пакистан, при што Вашингтон најави дека ќе ја суспендира помошта за Исламабад поради нивната поддршка на исламистите во Авганистан, јави Гласот на Америка.