Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопштио дека САД го разгледуваат барањето за постојано воено присуство во Полска, како и програмата за визна либерализација за земјата.
– Полска е подготвена да даде многу голем придонес за Соединетите Американски Држави да дојдат и воспостават присуство во Полска, и тоа е секако нешто за што ќе разговараме, изјави Трамп пред средбата во Белата куќа со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Трамп наведе дека „знае оти на Посла таа идеја многу и се допаѓа“, и додаде дека САД тоа многу сериозно го разгледуваат.
Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со сопругата Меланија денеска во Белата куќа му беше домаќин на претседателот на Полска Анджеј Дуда и неговата сопруга, по што следуваше средба меѓу двајцата лидери.
Белата куќа во соопштение инфомира дека трговијата, воените и безбедносни прашања биле главните теми за кои разговарале американскиот и полскиот претседател.
Двете држави, кои се и НАТО сојузници, ја делат и загриженоста за безбедноста предизвикана од зголемената воена активност на Русија, поради што Полска бара зголемено присуство на американски трупи на своја територија.
МИА