САД денеска ја осудија одлуката на рускиот суд кој го осуди опозицискиот политичар Алексеј Навални на 19 години затвор.
„Ова е неправеден крај на неправеден процес“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Се додава дека Кремљ со години се обидува да го замолчи Навални и дека со новата процедура руските власти уште еднаш покажале дека оние кои се осмелуваат да го критикуваат режимот не можат да сметаат на правично судење.
„Со години, Кремљ се обидуваше да го замолчи Навални и да спречи неговите повици за транспарентност и одговорност да стигнат до рускиот народ. Со спроведувањето на ова последно судење во тајност и ограничувањето на пристапот на неговите адвокати до наводните докази, руските власти уште еднаш ја илустрираа и неоснованоста на нивниот случај и недостатокот на правична постапка што им се овозможува на оние кои се осмелуваат да го критикуваат режимот“.