недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД најавија помош од 2,5 милијарди долари за безбедност на храната во Африка

САД најавија помош од 2,5 милијарди долари за безбедност на храната во Африка

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа најави нова американска помош од 2,5 милијарди долари за безбедност на храната во Африка, за време на самитот во Вашингтон на кој се собраа околу 50 африкански лидери.

Американскиот претседател и Африканската унија исто така одлучија да воспостават „стратешко партнерство“ за да го решат проблемот со несигурноста на храната во светот, влошен со војната во Украина, се вели во заедничкото соопштение од самитот.

Бајден претходно се залагаше за подобра застапеност на Африка во светските институции, вклучително и во Советот за безбедност и во Г20, група која ги обединува најголемите светски економски сили.

– САД се целосно за Африка и со Африка, нагласи американскиот претседател.