понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД: Неуспешен ракетен напад врз американски војници во Сирија

САД: Неуспешен ракетен напад врз американски војници во Сирија

Американската војска синоќа соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили, но нема повредени и нападот не предизвикал штета.

– На местото се пронајдени дополнителни проектили, соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток, притоа не наведувајќи за кој смета дека е одговорен за неуспешниот напад.

Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили.

Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата. (МИА)