Во услови на зголемени тензии со Кина, САД планираат да распоредат до шест бомбардери Б-52 што можат да носат нуклеарно оружје во воздухопловна база во северна Австралија.
Специјализирани објекти за бомбардерите ќе бидат изградени во оддалечената воздухопловна база Тиндал на околу 300 километри јужно од Дарвин, главниот град на австралиската Северна територија, изјави извор.
За претстојното распоредување на бомбардерите првпат јави австралиската телевизија Еј-Би-Си, која се повика на американски документи.
Според Еј-Би-Си, американското воено воздухопловство соопшти дека способноста на САД да распореди бомбардери со голем радиус на движење испраќа силна порака до потенцијалните противници за способноста на Вашингтон.
Минатата година, САД, Велика Британија и Австралија склучија безбедносен договор со кој на Австралија ќе и се обезбеди технологија за набавка на подморници на нуклеарен погон.
Лани, САД распоредија бомбардери Б-52 во својата воздухопловна база Андерсон на островот Гуам во Тихиот Океан.