САД изразија загриженост за намерата на Иран дополнително да се ослободи од своите нуклеарни обврски и го повикаа да престане со „провокации“.
– Загрижувачки е што Иран избра да ги ескалира своите експерименти во областа на истражување на нуклеарно оружје, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Тој посочи дека САД повторно го повикуваат Иран да престане со тие провокации.
Иран објави дека презема конкретни чекори за производство на збогатен ураниум до 20 процентна чистота како гориво за реакторите, соопшти вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).