четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД подготвуваат нови санкции кон Кина

САД подготвуваат нови санкции кон Кина

САД се подготвуваат за нови санкции за повеќе кинески владини претставници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг.

Санкците најверојатно ќе бидат воведени денеска кон 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство.

– Кина секогаш се спротивставувала и силно го осудувала мешањето на САД во внатрешните работи на Кина преку Хонг Конг, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг одговарајќи на наводите за евентуални санкции кон кинески претставници.