петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД распоредуваат војници на аеродромот во Кабул за евакуација на дел од дипломатите

САД распоредуваат војници на аеродромот во Кабул за евакуација на дел од дипломатите

САД ќе распоредат војници на аеродромот во Кабул за безбедност при евакуација на дел од американскиот дипломатски персонал од Авганистан, соопшти денеска Стејт департментот.

Во исто време, Вашингтон ќе ја забрза евакуацијата на преведувачите и другите Авганистанци кои и помогнаа на американската војска, на кои им се заканува репресија од талибанците, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

-Амбасадата останува отворена, ова не е целосна евакуација, рече Прајс, потсетувајќи дека САД започнаа со повлекување на дел од својот дипломатски персонал во април, кога претседателот Џо Бајден објави дека странските војници ќе се повлечат од Авганистан пред крајот на летото

-Интензивирањето на воената офанзива на талибанците и насилството и нестабилноста што ја придружува е причина за сериозна загриженост. Во овој поглед, ние дополнително го ограничуваме присуството на американски цивили во Кабул, земајќи ја предвид безбедносната ситуација. За да се олесни евакуацијата, Министерството за одбрана привремено ќе распореди дополнителни војници на меѓународниот аеродром во Кабул, нагласи портпаролот.  (МИА)