петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД разгледуваат повлекување на војниците од Западна Африка

САД разгледуваат повлекување на војниците од Западна Африка

САД планираат да го намалат значително военото присуство во Западна Африка, дури и да се повлечат целосно војниците кои учествуваат во борбата против тероризмот. Тоа го објави Њујорк тајмс повикувајќи се на американски официјални претставници.

Планот претставува напуштање на неодамна изградена база за беспилотни летала вредна 110 милиони долари во Нигер и прекин на помошта  за француските сили кои се борат против милитанти во Мали, Нигер и Буркина Фасо.

САД имаат околу 7.000 војници во Африка.

Според весникот, повлекувањето на американските сили од Африка ќе предизвика и планови за намалување на американското воено просуство во Јужна Америка, Ирак и Авганистан. Одлуката на Пентагон се очекува во јануари.