вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД се подготвени за дипломатски чекори кои би биле корисни за Киев

САД се подготвени за дипломатски чекори кои би биле корисни за Киев

САД се подготвени да преземат дипломатски чекори, кои би биле корисни за украинската Влада, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Западот треба повеќе да се вклучи во преговорите за ставање крај на војната.

– Доколку можеме да преземеме дипломатски чекори, за кои украинската Влада верува дека ќе бидат корисни, ние сме подготвени да ги преземеме, посочи портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека САД се обидуваат да им обезбедат на Украинците што е можно посилна преговарачка позиција, да го зголемат притисокот врз Русија со наметнување високи трошоци и да обезбедат безбедносна помош за украинската одбрана.

Претходно, Зеленски наведе дека Западот досега не е доволно вклучен во преговорите помеѓу Киев и Москва.

Тој додаде дека Москва има „фундаментално поинаков пристап“ во преговорите и оти претходно само поставувала ултиматуми, а за време на последните преговори „почнавме да разговараме“.

Зеленски посочи и дека идните мировни преговори со Русија може да се одржат во Ерусалим.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека преговорите помеѓу Москва и Киев продолжија преку видео врска. Но, тој не наведе повеќе детали.

Досега се одржани три рунди преговори на ниво на делегации, првата на украинско-белоруската граница, а следните две на полско-белоруската граница.