сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД суспендираа три спогодби со Хонг Конг

САД суспендираа три спогодби со Хонг Конг

САД суспендираа или раскинаа три билатерални договори со Хонг Конг во областа на екстрадицијата и ослободувањето од данок, како дел од одговорот на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг.

-Овие чекори ја истакнуваат нашата длабока загриженост за одлуката на Пекинг да го донесе Законот за национална безбедност, со кој се намалија слободите на луѓето во Хонг Конг, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно кажа  дека Хонг Конг веќе нема право на натамошен повластен третман, што го уживаше врз основа на автономијата добиена во 1997 година кога Велика Британија и ја врати оваа територија на Кина.

САД веќе презедоа чекори за укинување на привилегираната позиција на Хонг Конг, со воведувањето санкции на територијата и за кинеските официјални лица вклучени во спроведувањето на законот