САД трета година по ред регистрираа повеќе од 600 масовни пукања во една година, покажуваат податоците на непрофитната организација Ган вајленс архајв.
Според оваа организација, вкупниот бропј на убиени луѓе од огнено оружје во САД е 39.816. Во извештајот се посочува дека досега, во текот на оваа година имало 609 злосторства во кои биле застрелани четворица или повеќе луѓе (не сметајќи го напаѓачот) и со тие цифри, САД се на пат до крајот на годината да ја достигнат бројката од 675 масовни пукања.
Американски медиуми наведуваат дека лани имало 690 масовни пукања на територијата на САД, што е зголемување од 610 во 2020 година и 417 во 2019 година. (МИА)