петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД утре гласаат на избори за Конгресот

САД утре гласаат на избори за Конгресот

Секое сценарио е во игра на изборите во САД утре. Трката во многу места е изедначена, предизборните анкети укажуваат дека претстои жестока битка во некои клучни држави, па дури во традиционално демократските Њујорк и Њу Хемпшир.

Едно сценарио е демократите да го задржат Сенатот, со мошне блиска трка за Претставничкиот дом кој би го изгубиле, со реалистични можности за републиканците да надвладеат.

За Сенатот, анкетите укажуваат на мртва трка во Џорџија, Пенсилванија, Невада и Аризона. Слично е и за Претставничкиот дом каде десеттина трки се целосно неопределени.

Демократите нејверојатно ќе се судрат со незадоволство од широк спектар гласачи како независните, или индивидуалните инвеститори кои изгубија многу по падот на берзите годинава. Иако администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исполни ветувањата за стимулација на развојот на еколошки чиста енергија и обезбеди финансии за обнова на старите мостови и патишта.

Републиканската партија го критикува Бајден за високата инфлација и зголемениот криминал во земјата, по одминувањето на Ковид-19 пандемијата.

Повеќе независни набљудувачи очекуваат републиканците да го земат Претставничкиот дом и најверојатно и Сенатот. Ако тие земат контрола макар и на еден од двата дома на Конгресот, тоа ќе овозможи да се спротивстават на законските иницијативи на Бајден во Конгресот и да започнат потенцијално штетни истраги за Демократската партија.

Покрај инвестициите, друго прашање кое демократите го сметаат за сламка на спас е укинувањето на забраната за абортус што беше вратена летоска од Уставниот суд на САД и која беше озаконета во повеќе држави. Ова прашање се наметнува силно на изборите, при што двете партии се со целосно спротивставени ставови.

Бајден рече дека ако неговата партија освои мнозинство, тој ќе го озакони на федерално ниво правото на пристап до абортус.

Републканците се за ограничен или никаков абортус. Земјата е поделена и републиканската страна смета дека со тоа се заштитуваат „што повеќе животи“. Една од грпите „за живот“ е Националниот комитет за право на живот.

Анкетите покажуваат дека две третини од Американците поддржуваат пристап до абортус, па демократите се надеваат дека, и покрај слабите економски резулатати и падот на берзите, ова прашање може да превагне како значајно за жените и со тоа да задржат контрола барем на еден од двата дома на Конгресот.