петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД ветија 5,8 милијарди долари помош за Централна Америка и 4,8 милијарди за Мексико

САД ветија 5,8 милијарди долари помош за Централна Америка и 4,8 милијарди за Мексико

САД ветија помош од 5,8 милијарди долари за зајакнување на економскиот развој во Централна Америка и 4,8 милијарди долари за развој на јужниот дел на Мексико.

Помошта на САД има за цел да помогне во обезбедувањето поголема сигурност и можности за работа како дел од регионалниот план кој ќе им овозможи на централноамериканците да останат во своите земји, наместо да мигрираат.

Планот е соопштен во заедничко американско-мексиканско коминике што го објави Стејт департментот, а  го прочита мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард во главниот град на Мексико.

Не е јасно дали Мексико ќе даде нешто за возврат. Се тврди дека САД побарале од Мексико да дозволи мигрантите кои бараат азил во САД да останат во земјата, додека се решаваат нивните барања.

МИА