понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД: Влошување на состојбата во 36 држави – можно е ново жариште

САД: Влошување на состојбата во 36 држави – можно е ново жариште

Во САД во последните 24 часа се регистрирани најмалку 38.845 новозаразени случаи со коронавирус, од чии последици починале уште 264 лица, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 2.548.996, а на смртни случаи 125.804, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Намалување на бројот на инфицирани е забележано само во две сојузни држави – Конектикат и Роуд Ајленд, а пораст има во 36, при што ситуацијата е посебно загрижувачка на Флорида, за која експертите тврдат дека би можела да стане ново жариште на зараза. Властите на Флорида и на другите американски држави предупредуваат на зголемениот број заболени меѓу младата популација.

На Флорида вчера се потврдени 9.585 нови случаи на зараза со Ковид-19, што е најголем дневен пораст во оваа држава од почетокот на пандемијата. (МИА)