Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави Блумберг.
Пловилата биле закупени од Vitol Group, Litasco SA, Unipec и други нафтени компании. Станува збор за супертанкери од кои секој може да превезе до 2 милиони барели нафта.
Според Блумберг, танкерите заминуваат за Азија поради зголемената побарувачка за нафта по брзото закрепнување на економиите на овие земји после кризата со коронавирусот.