Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска на самит во Брисел ќе разговараат за војната во Украина, енергетската криза и зајакнувањето на одбранбените капацитети на Унијата.
Европскиот совет ќе го разгледа продолжувањето на политичката, воената и хуманитарната помош за Украина и обновувањето на виталната инфраструктура во земјата за да се справи со зимските услови, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.
На самитот треба да бидат потврдени заклучоците за проширувањето кон Западен Балкан и кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, кои во вторникот ги усвои Советот на ЕУ.