сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоа што „промовирале хомосексуалност“

Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоа што „промовирале хомосексуалност“

Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во бои на виножито под изговор дека преку нив се за „поттикнува хомосексуалноста“.

Телевизијата Ал Екбарија објави дека тамошното Министерство за трговија од продавниците во Ријад повлекува повеќе артикли, вклучително и штипки за коса, маици, капи и футроли за моливи.