Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан апелира до 16 германски сојузни држави брзо да воведат построги ограничувачки мерки во обид да се спречи ширење на Ковид-19, јави германската новинска агенција ДПА.
Тој додаде дека не треба да се чека на усвојување на национален закон за мерките.
– Од минатата есен знаеме што се случува кога не реагираме брзо, изјави Шпан додавајќи дека лекарите очекуваат дека до крајот на месецот на одделенијата за интензивна нега да има 6.000 пациенти.