недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи Ердоган: Инвазијата на Сирија започна!

Се огласи Ердоган: Инвазијата на Сирија започна!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека вооружените сили почнаа воена офанзива на северот на Сирија, што би можело да доведе до судир со Курдите , кои се американски сојузници во регионот.

И портпаролот на курдските сили потврди дека турските борбени авиони започнале да ја бомбардираат областа.

Турција сака да создаде „безбедносна зона“ без курдски милиции за сместување на дел од 3,6 милиони сириски бегалци кои моментално живеат во Турција.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го објави повлекувањето на американските трупи од области во близина на турската граница во северна Сирија, што се чини дека беше зелено светло за воена операција против курдските сили, сојузниците на Вашингтон во борбата против џихадистите.

Повлекувањето на Трамп и американските воени сили е толкувано од многумина како „нож во грб“ на Курдите, а беше осудено од бројни републиканци.

Сепак, Трамп во вторникот истакна дека Соединетите држави не ги „напуштиле“ Курдите од Сирија. „Ние ја напуштаме Сирија, но апсолутно не ги оставивме Курдите, прекрасни луѓе и одлични борци“, напиша тој во твитот. „Ние ќе им помогнеме на Курдите финансиски и со оружје“, додаде тој.

Американскиот претседател се закани дека ќе ја „уништи“ турската економија ако воената офанзива го надмине тоа што е дозволено. „Турција не треба да стори ништо друго, освен она што сметаме дека е хумано“, додаде тој.

Курдите во северна Сирија држат заробени многумина од  таканаречените  борци на  Исламската држава и прашање е дали тие ќе продолжат да бидат притворени на безбеден начин.