Во меѓувреме Лапид ќе биде вршител на должноста премиер, изјави израелски функционер, потврдувајќи ги извештаите на медиумите.
Парламентот ќе гласа за распуштање следната недела, по што Лапид ќе стане премиер, вели функционерот. Се очекува Лапид и Бенет да и се обратат на јавноста подоцна денеска.
Лапид и Бенет формираа коалиција од идеолошки различни партии минатиот јуни, по две години чести избори без изборен победник, со што заврши рекордното владеење на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху. Коалицијата на десницата, либералите и Муслиманската партија е кревка од самиот почеток.
Со тенкото мнозинство заедно со поделбите за важни прашања како што се израелско-палестинскиот конфликт и улогата на религијата во општеството, осумчлената алијанса почна да се распаѓа кога неколку пратеници се повлекоа, по што владата загуби мнозинство, пренесе Индекс.хр.