понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се урна зграда во доградба: 6 лица загинаа, се трага по затрупаните во урнатините

Се урна зграда во доградба: 6 лица загинаа, се трага по затрупаните во урнатините

Најмалку шест лица загинаа денеска во Индија, откако се урна зграда, додека работници работеле на изградба на дополнителен кат, соопшти индиската полиција.

Според полицскиот претставник Сатбир Синг, работниците го граделе четвртиот кат, кога се урнала зградата, што се наоѓа во една населба на периферијата на градот Гургаон во сојзуната држава Харјана.

Нема информации дали властите дозволиле изградба на дополнителниот кат.

Според Синг, десетици спасувачи трагаат по луѓето затрупани во урнатините на зградата.