Тој успеа да закочи во вистинскиот момент, момент пред трагичното рушење на дел од мостот Моранди во Џенова. Возачот на камионот Ф.Л. со тоа успеа да избегне пад од скоро 50 метри. Тој опишува дека автопатот како да „изчезнал“ пред него.
-Видов пат кој се сруши, со сите автомобил кои тогаш ги имав пред себе, им кажал на спасувачите после ужасниот инцидент во кој загинаа најмалку 42 лица.
Според зборовите на директорот на супермаркетот, Џовани Д’Алесандро, чија роба ја разнесувал возачот, тој се уште е во шок, но не е повреден.
Неговиот камион успеа да стигне до светските, како една од ретките среќни работи кои вчера се случија во Џенова.