сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на Одборот за итни прашања на СЗО посветена на новите видови Ковид-19

Седница на Одборот за итни прашања на СЗО посветена на новите видови Ковид-19

Светска здравствена органзиација (СЗО) соопшти дека новиот вид на Ковид-19, што прво беше откриен во Велика Британија, сега е присутен во 50 држави и територии, а видот од Јужна Африка го има во 20 држави.

Одборот за итни прашања на СЗО денеска ќе одржи седница, две недели пред редовната средба, на која ќе се разговара за новите видови на Ковид-19.

Одборот има седници секои три месеци.

Британскиот и јужноафриканскиот вид на Ковид-19 се позаразни и побрзо се шират, а можат да се идентификуваат само со секвенца на нивниот генетски код, анализа што не е достапни секаде.

Третата мутација потекнува од бразилскиот дел на Амазон, а пред неколку дена е откриен во Јапонија.