Тексас и уште шест американски држави, во кои на власт републиканците, ја тужат администрацијата на Трамп во обид да ја прекинат програмата покрената од поранешниот претседател Барак Обама, што ги штити мигранти кои илегално дошле во САД како деца.
Државите Тексас, Алабама, Арканзас, Луизијана, Небраска, Јужна Каролина и Зпадна Вирџинија поднесоа тужби во сојузниот суд во Тексас една недела откако сојузен судија во Вашингтон побара администрацијата на Трамп да ја продолжи Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA – Deferred Action for Childhood Arrivals).
Програмата датира од 2012 година- тоа е постапка да одложување на депортацијата на мигранти, кои во државата влегле како деца, и штити околу 800 илјади млади илегални имигранти од депортација и им обезбедуваше работни дозволи.
Трамп во септември одлучи да ја прекине таа програма, но, американски судија во Сан Франциско донесе пресуда дека програмата мора да остане додека трае процесот за одлуката на Трамп.
Тексас и другите држави што тужат, тврдат дека владата на Обама ги пречекорила своите овластувања со создавање на таа програма.
(Миа)