Американскиот Сенат синоќа едногласно се заложи за заштита на човековите права во Хонг Конг по нападот на кинеските власти врз продемократското движење во автономната територија на Кина.
Усвоениот Закон за човекови права и демократии во Хонг Конг сега ќе биде упатен до Претставничкиот дом на Конгресот, што претходно усвои сличен акт.
Двата дома на Конгресот сега треба да ги усогласат двата акта односно да ги отстранат разликите, пред заедничкиот закон да биде испратен до американскиот претседател Доналд Трамп.
Антивладините протести во Хонг Конг траат повеќе од пет месеци.