Регионалната Влада на Северна Ирска планира да дозволи повторно да се отворат специјализираните продавници за алкохолни пијалаци, соопшти денеска министерот за правда.
Северноирските власти на почетокот од неделава наредија затворање на продавниците за алкохол што предизвика критики од страна на политичари и трговци, затоа што со тоа се зголеми притисокот врз, и без тоа, преоптерените супермаркети, каде исто така се продаваат алкохолни пијалаци.
Во Северна Ирска има 275 лица заразени со коронавирусот, а 13 се починати.